spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДобрата соработка со OLAF е исклучително важна за спречување на корупцијата во...

Добрата соработка со OLAF е исклучително важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Брисел одржа средба со генералниот директор на OLAF – Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим.
Вицепремиерката Грковска ги презентираше иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите.

Имајќи ја предвид улогата на OLAF, како независно тело кое што е одговорно за борба против измама, корупција и други незаконски активности кои влијаат на финансиските интереси на ЕУ, Грковска нагласи дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената. Во таа насока, таа посочи дека треба треба да се обрне внимание и да се избегне преклопување на проектите финансирани од ЕУ, но и од други донатори.

Домаќините од OLAF  истакнаа дека имаат многу добра соработка со надлежните институции од Северна Македонија, особено со Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) во рамките на Министерство за финансии, како нивна контакт точка за соработка. Информирајќи за тековните и претстојните активности на ова поле, тие изразија подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза и нагласија дека е значајно да се одржи добрата соработка со OLAF низ целиот преговарачки процес.

Вицепремиерката Грковска изрази благодарност за поддршката од меѓународните партнери во напорите за справување со корупцијата и јакнењето на антикорупциските механизми во државата, а заедно со директорот Итала се согласија околу важноста на јакнењето на принципите на добро владеење во државата, затоа што поголема транспарентност значи и помала корупција.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте