Во Владата на Републикa Северна Македонија се одржа работен состанок на кој се разговараше за можни решенија за ажурирање на позитивната листа на лекови, како и за изнаоѓање трајно и одржливо решение, со цел поефикасно задоволување на потребите на граѓаните.
На состанокот беше потенцирано дека унапредувањето на јавното здравство и подобрувањето на грижата за пациентите е значаен стратешки приоритет. Оваа цел може да се постигне единствено преку обезбедување на механизми за навремен и соодветен пристап до современи, висококвалитетни лекови и медицински помагала.
Извор: Министерство за здравство