Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров продолжи со акцијата за собирање кабаст отпад од домовите на нашите жители.
Во рамки на акцијата во Реон 1, собрани се 4 камиони, или 25 кубни метри отпад. На барање на граѓаните, продолжуваме со иста динамика.
Следната акција ќе се одвива утре во Реон 2 (десната страна од ул.Ѓорче Петров) во урбаниот дел на Ѓорче Петров.
За повеќе информации, следете ја фејсбук страната на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров.
Извор: Општина Ѓорче Петров