spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Законот за родова еднаквост е за подобрување и почитување...

МТСП: Тренчевска – Законот за родова еднаквост е за подобрување и почитување на семејните вредности, за заштита на децата и унапредување на положбата на жените

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на КТВ Телевизија зборуваше за неколку актуелни теми, пред се за Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост, за семејните вредности капиталните инвестиции во социјална и детска заштита, како и новата Кампања за млади -Остави трага.

„Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, се два посебни закони кои третираат сосема различни прашања. И едниот и другиот закон третираат човекови права меѓутоа суштината на законите е различна,“ истакна Тренчевска.

Тренчевска информираше и дека за Предлог законот за родова еднаквост биле реализирани  18 јавни расправи. Како и посебна јавна расправа со пратеничките од сите политички партии, каде што немало ниту една забелешка ниту за дефиницијата родова еднаквост, пол и  род.

Министерката појасни дека единствената цел на Законот за родова еднаквост е унапредување на положбата на жените во општеството, како и да се зголеми видливоста и посветеноста на институциите кон прашањето за родова еднаквост.

„Предлог законот за родова еднаквост е за подобрување на семејните вредности, за почитување на семејните вредности, за заштита на децата, и насочен е токму кон унапредување на положбата на жените. За видливоста на жените во процесите на одлучување, превенирањето на насилството врз жените, подобрувањето на положбата на жените на пазарот на труд, “ потенцираше Тренчевска.

 

Таа истакна дека за семејните вредности и заштитата на децата министерството за труд и социјална политика, работи посветено.

„За нас семејни вредности се измените во новиот закон за работни односи, каде што воведуваме татковство, мајчинство и родителско отсуство за да можат и двајцата родители подеднакво се грижат за своето дете. Градењето на 81 градинка само за 5 години, вложувањето во воспитно образовниот кадар, кој ќе обезбеди правилен раст и развој на децата, тоа се семејни вредности,“ порача Тренчевска.

Притоа таа посочи и дека семејни вредности се и социјалните услуги во 44 општини, грижата за старите лица  преку помош и нега во домот. Целата социјална политика е насочена кон заштита на децата и семејните вредности.

Министерката Тренчевска најави дека во Кавадарци наскоро ќе се гради нов Дневен центар за лица со попреченост како и Дом за стари лица.

Тренчевска ја најави и новата Кампања за млади – Остави трага. Целта е да се допре до младите и да се информираат за сите можности, за пазарот на труд и јакнење на нивните вештини, за менталното здравје, поубава иднина за младите и нивно задржување во својата држава.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...