На 27.06.2023 Општина Зрновци беше домаќин на манифестацијата „Јуфкијада 2023“ што ја организираше Националната федерација на фармери на Македонија во соработка со ЗРР Јавор од Зрновци со цел промоција на богатото кулинарно национално богатство на македонските рурални области. На настанот што годинава се одржа по јубилеен 10 пат се собраа над 100-тина жени од цела Македонија.
Општина Зрновци одсекогаш подржувала и ќе подржува настани кои ги промовираат старите традиционални вредности и улогата на руралната жена во севкупниот рурален развој.
Таа игра исклучително важна улога во селското стопанство, производството на здрава храна и зачувувањето на старите традиции. Нејзиното учество и активност во овие области допринесуваат за развојот на руралните заедници и општества во целост.
Таа ги пренесува од поколение на поколение старите обичаи, знаења и вештини кои се присутни во нејзината култура и заедница. Преку овие традиции се проследуваат вредностите и идентитетот на една заедница, што го чини богато и разнообразно културното наследство.
Извор: Општина Зрновци