spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: АПЕЛ до жителите на н.м Јурумлери за совесно однесување со...

Гази Баба: АПЕЛ до жителите на н.м Јурумлери за совесно однесување со канализацискиот систем и соодветно одлагање на отпадот

Од Општина Гази Баба и Јавното Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ упатуваме АПЕЛ до жителите на населеното место Јурумлери заради овозможување на нормално функционирање на фекалната канализација, која е единствена од ваков вид во Република Македонија, со вакуум пумпи и пречистителна станица, забрането е испуштање во истата на атмосферски води од олуци и сливници во дворови, фекалии и остатоци и отпадоци од земјоделско, живинарско или животинско потекло, ниту пак отрови, хербициди, отпадно машинско масло и други течности забранети со закон, како ни цврст отпад во било која форма и вид.

Доколку жителите се однесуваат несовесно со одлагањето на отпад во системот на фекална канализација ќе ја нарушат неговата функционалност и со тоа причинуваат дефекти на истиот.

Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ постојано имаа теренски активности за подобрување на состојбата од непрописното одложување на отпадот, но и проверки и чистење на канализационите мрежи, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина.

ПОСЕБНО ЦВРСТ ОТПАД (пластични, метални и други предмети) е СТРОГО ЗАБРАНЕТО И ШТЕТНО ДА СЕ ФРЛА ВО КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ

 

Злоупотребите на канализацискиот систем може да се пријавуваат на:
– https://jkpgb2007.gov.mk/
– 02/3224801 и 078 484 265
– gbjkp2007@t.mk.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте