spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири до дипломците на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Искористете го образованието...

МОН: Шаќири до дипломците на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Искористете го образованието за позитивни промени во општеството

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им го честиташе дипломирањето на  петтата генерација студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Дипломирањето е важен и свечен чин за студентот. Tоа значајно парче хартија ги крунисува годините напорна работа, посветеност и упорност. Но, да не го заборавиме придонесот и на оние коишто ве учеа – професорите и секако родителите или старателите, кои ве водеа, поддржуваа и охрабруваа низ предизвикот да се студира“, рече министерот Шаќири на свечена церемонија на доделувањето на дипломите.

Министерот потсети дека дипломците многу вложиле за да дојдат до академско ниво во научните области што ги одбрале и дека успешните студенти се одликуваат со интелектуална љубопитност и издржливост, како и подготвеност за бројните часови учење, размислување и истражување.

„Крајот на студирањето е само почеток на едно ново поглавје во вашите животи, поглавје со поголеми одговорности кои од вас ги очекуваат и вашите семејства и целото наше општество. Уверен сум дека со вештините, знаењата и искуствата што ги стекнавте на Универзитетот „Мајка Тереза“ многу брзо ќе се вклучите на пазарот на труд и ќе го искористите образованието за позитивни промени во средините каде ќе делувате“, нагласи Шаќири.

Министерот рече дека е значајно и по завршувањето на студиите, младите луѓе да продолжат да се усовршуваат и да стекнуваат нови знаења, затоа што повисоко ниво на политички развој, демократија и социјална правда се достижни само со образувани граѓани кои континуирано се надоградуваат, критички размислуваат и ја користат креативната моќ.

 

. Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...