spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени 232.2 милиони денари за употреба на сертифициран семенски материјал во...

АФПЗРР: Исплатени 232.2 милиони денари за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за директните плаќања за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот.

Со финансиската поддршка од 232.2 милиони денари се опфатени 8.435 корисници.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои пријавиле употреба на сертифициран семенски материјал за производство на пченица, јачмен, пченка, рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, памук, анасон, шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут, луцерка, и ориз.

,,Со поддршката за употребен сертифициран семенски материјал ги поттикнуваме полјоделците да инвестираат во поквалитетен род и зголемен принос во полјоделското производство. Земајќи ја во предвид и исплатата на основните директни плаќања за полјоделските култури, државната поддршка во овој сектор изнесува над 650 милиони денари. Поддршката се реализира во период кога е актуелна жетвата на житните и индустриски култури што во голема мера ќе помогне во амортизирање на влезните трошоци на земјоделците и припрема за претстојните активности” – потенцира директорот Бачовски

Агенцијата во изминатиот период активно работеше на спроведување на програмите за директни плаќања и исплата на субвенциите, реализацијата на интервентниот фонд како и на подготовките за новиот ИПАРД 3 програмски период кој доаѓа како нова можност за модернизација на земјоделските стопанства, преработувачките капацитети и руралните средини.

Во следниот период ќе биде реализирана и финансиската поддршка за предадени житни и индустриски култури во домашни преработувачки капацитети како и исплатата за произведени и предадени овошни и градинарски култури.

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...