spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Во целост се исполни препораките според извештајот „Националниот систем...

ДКСК: Во целост се исполни препораките според извештајот „Националниот систем за интегритет на Македонија“ од Транспаренси Интернешнл – Македонија

Транспаренси Интернешнл- Македонија во 2016 година, во рамки на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, поддржан од Европската Унија, го подготви извештајот: „Националниот систем за интегритет на Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на Македонија во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата. Со овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата, а еден од 15-те столбови е и ДКСК.

Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл.

Во извештајот беа дадени препораки за унапредување и подобрување на работата на ДКСК, а подетални информации за постигнатите резултати се достапни на следниот линк:

https://transparency.mk/2023/06/29/czelosna-ispolnetost-na-preporaki-spored-naczionalen-sistem-za-integritet-za-drzhavnata-komisi%d1%98a-za-sprechuva%d1%9ae-na-korupczi%d1%98ata/

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...