spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗабрзана евро-атлантска интеграција ќе придонесе за стабилен и безбеден регион

Забрзана евро-атлантска интеграција ќе придонесе за стабилен и безбеден регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус, на вториот ден од Самитот на НАТО учествува на втората сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади и земјите партнери на НАТО. Во владината делегација што ја предводи премиерот Ковачевски се министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На првата сесија земаа учество 31 земја членки на НАТО, како и партнерите од Индо-Пацификот, Јапонија, Австралија, Република Кореја и Нов Зеланд, како и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во фокусот на агендата на втората сесија од Самитот е зајакнувањето на партнерствата и пошироката геополитичка и безбедносна глобална слика.

Безбедносните состојби на Евро-Атлантикот и Индо-Пацификот се блиску поврзани и важни за НАТО. Со нашите партнери од Индо–пацифичкиот регион, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет на којшто исто претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираат и ставот за важноста на европските и евро–атлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...