spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба со Амбасадорот на Постојаната Мисија на Кралството Шпанија при ЕУ, Маркос...

Средба со Амбасадорот на Постојаната Мисија на Кралството Шпанија при ЕУ, Маркос Алонсо Алонсо

Државната секретарка и Заменик на главниот преговарач со ЕУ Дрита Абдиу – Халили во Брисел оствари средба со Амбасадорот на Постојаната Мисија на Кралството Шпанија при ЕУ, Маркос Алонсо Алонсо.

На средбата се разговараше за тековните состојби во однос на клучните реформи во рамки на пристапните преговори, текот на пристапните преговори и нашата заложба и посветеност како држава за надминување на предизвиците и исполнување на обврските во евроинтегративниот процес и обезбедување на негов континуитет.

Изразена е силна поддршка од страна на Шпанското Председателство со ЕУ со јасна заложба и партнерска соработка во нашиот евроинтегративен процес, која треба да се искористи.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МСПДМ: Велковски – Борбата против трговијата со луѓе мора да ни...

0
Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на борбата против трговијата со луѓе, еден од најголемите глобални и локални предизвици. На денешниот...