spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Средствата од “Коријадата” врачени на социјално загрозени семејства

Кисела Вода: Средствата од “Коријадата” врачени на социјално загрозени семејства

Како една од активносите по повод 68-от роденден на Општина Кисела Вода во паркот Шопен беше одржана традиционалната ,,Kоријада’’ од страна на Здружението на пензионери на Кисела Вода.

Истата има хуманитарен карактер бидејќи паричните средства што се обезбедија од продажбата на белите печива изработени од пензионерките, денес беа доделени на три социјално загрозени семејства.

Секој човек заслужува пристоен живот и можност за напредок и хуманоста ни помага тоа да го оствариме. Настаните како денешниот се значаен чекор кон изградба на поинакво и посигурно општество. Оттука, Општина Кисела Вода покрај континуираната поддршка и помош на семјствата од социјален ризик и понатаму ќе продолжи да организира слични проекти кои значат помош на оние на кои им е потребна, но и ја засилуваат солидарноста во заедницата.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Ѓорче Петров: Дексион добива нова детска градинка

0
Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика, демографија и млади потпишаа договор за изградба на нова детска градинка за 120 дечиња во населеното...