spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи оствари средби со министерот за надворешни работи на Ерменија, Мирзојан

МНР: Османи оствари средби со министерот за надворешни работи на Ерменија, Мирзојан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан.

Двајцата министри разговараа за безбедносните предизвици со кои се соочува регионот на Јужен Кавказ и за тоа како да се зачува стабилноста и да се унапреди безбедноста на регионот со помош на механизмите на ОБСЕ.

Подготвени сме да продолжиме со таквите напори преку постојните механизми и структури на ОБСЕ, како и нови идеи и иницијативи, со цел да се постигнат овие цели. Стоиме зад секој напор кој обезбедува позитивна динамика во поддршка на  спроведување на претходно договорените мерки и идентификација на нови области во насока на стабилизација. Ги поддржувам сите напори што водат кон мир и сите иницијативи кои го олеснуваат дијалогот, ги смируваат тензиите и ја зајакнуваат довербата.

„Изразив силна поддршка за тековните напори за посредување и за воспоставување стабилност на терен. Се надевам дека искуството и предностите на ОБСЕ може поактивно да се искористат за безбедноста на регионот. Како Претседавач, ја повторив нашата подготвеност да ги споделиме нашите искуства во справување со предизвиците и ги посочив на можностите на регионалната соработка”, рече Османи на средбата.

Османи и Мирзојан разговараа и за унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и Ерменија, во разни сфери од заемен интерес.

Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ беше во посета на Ерменија, во април оваа година.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...