spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи во Дубровник оствари средба со Марија Габриел

МНР: Османи во Дубровник оствари средба со Марија Габриел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките учеството на овогодишниот Дубровник форум, оствари средба со  заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел. Ова е прва средба на двајцата министри по назначувањето на новата политичка Влада на Бугарија.

Упатувајќи честитки за новата функција, Османи изрази задоволство што, со формирањето на новата Влада во Бугарија, се создаваат дополнителни перспективи за поинтензивен политички дијалог, а со тоа и зголемени можности за зајакнување на билатералната соработка меѓу двата соседи.

На средбата министрите разменија мислење за работата на секторските работни групи, чии резултати се конкретни и видливи за граѓаните на двете земји, реафирмирајќи ја нивната важност за севкупните односи и соработка.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската перспектива на Република Северна Македонија, соодветно на принципите и одредбите од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Беа разменети и ставови за актуелните политичко-безбедносни состојби во регионот, и потребата од забрзување на евроинтеграциите на државите од Западен Балкан, гледано и низ призма на променетите геополитички околности.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот...

0
„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и...