Заменик националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази, оствари средба со Лесли Мурман, претставник на Канцеларијата за верските слободи на Стејт департментот и политичкиот советник на амбасадата на САД, Адриан Исмаили.
Состанокот претставуваше можност за отворена и конструктивна дискусија со претставничката на слободи на Стејт департментот, на тема почитувањето на верските слободи и права, општествената свест, за нивното значење, во Република Северна Македонија.
Заменик националниот координатор, ја презентираше правната и институционалната рамка на Република Северна Македонија и досегашните искуства со кои се соочува Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам по ова прашање.
Процесот на реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитацијата за чија координација е задолжен Националниот комитет, е само еден од повеќето предизвици на ова тело, посочен на состанокот, каде посебно се дава на значење на верските слободи и човековите права на повратниците, странски борци и нивните семејства. Процесот на реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација во Република Северна Македонија, се спроведува во согласност со Националниот план и Стандардните оперативни процедури.
Заменик националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, при своето излагање, исто така посочи дека претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква како и Еврејската заедница беа вклучени и при изработката на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и пропратните Акциските планови 2023-2027 година, каде е предвидена и нивна континуирана присутност при имплементацијата на овие државни стратешки документи.
Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, како координативно тело, ќе продолжи да иницира соработка помеѓу сите општествени чинители односно државните институции, верските заедници и граѓанските организации за промовирање, разбирање и дијалог во општеството.
На состанокот констатирано е дека високиот степен на почитувањето на верските слободи и човековите права, претставува еден од главните вредности на секое демократско општество и е од витална улога во поттикнувањето на социјалната хармонија, мирот и просперитетот. Колку ѝ да се оценува дека овој процес е на задоволително ниво, стремежот за негово континуирано подобрување и во иднина ќе претставува значаен предизвик.
Извор: Влада