Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу т.ц. Зебра во Капиштец. Денеска ќе започне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото поради што истото нема да биде во функција. Станува збор за нови 7 реквизити вклучувајќи и нова гумена подлога. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува на трпеливост се до завршување на елементите кои ќе ги израдуваат децата.
„Во ек на летните одмори и високите температури кога детските игралишта се празни почнуваме со промена на новите реквизити на веќе руинираното детско игралиште кои ќе значат и нова радост за нашите дечиња. Затоа замолувам на трпение кај родителите и децата со цел детската игра побрзо да продолжи. Инаку новото игралиште ќе има 7 реквизити и истите се донација од општествено одговорна компанија“, вели Герасимовски.
Општина Центар информира дека новото детско игралиште е донација од општествено одговорна компанија која Општина Центар ја прифати на 26-та седница на Советот. Градоначалникот Герасимовски се заблагодарува за донацијата и ги повикува останатите компании да донираат во проекти кои придонесуваат за правилен детски развој и социјализација на децата.
Извор: Општина Центар