Во просториите на Општина Валандово, Градоначалникот Перо Костадинов одржа работен состанок со Министерот за правда Кренар Лога и претставници од Советот на Европа, кои во Валандово ја промовираат иницијативата за бесплатна правна помош за граѓаните.
Оваа кампања и иницијатива има за цел да го олесни пристапот до правна помош за граѓаните, кои поради материјалната положба не се во можност да ги остварат своите права и интереси.
Со оваа можност, граѓаните се целосно ослободени од адвокатски трошоци, судски такси, трошоци за вештачење, како и административни такси.
Извор: Општина Валандово