Ова е нова, голема акција со асфалтирање на улици на целата територија на општина Бутел. Опфатени се над 25 улици, коишто за првпат ќе добијат асфалт.
Денес, започна целосната реконструкција и саницаја на дел од улицата 2, во населеното место Визбегово.
Оваа улица за првпат ќе добие асфалт, по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места, со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.
Градежното лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Наскоро ќе започнеме со асфалтирање и на останатите улици во населеното место Визбегово.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.