spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата, без ниту еден денар вратен...

МЗШВ: Успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата, без ниту еден денар вратен назад подготвени сме за старт на новата ИПАРД 3 програма

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска одржаа брифинг со новинарите. 

На брифингот министерот Николовски и директорот Бачовски пред новинарите ги презентираа резултатите од досегашната реализација на ИПАРД 2 програмата.

ИПАРД е наша успешна приказна со која сите се гордееме, каде бележиме 98% реализација, со што нашата држава ја прави земја лидер во регионот.

 

Министерот Николовски на брифингот ги информираше новинарите дека во текот на утрешниот ден ќе биде објавен и последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата, кој се однесува на мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

За овој повик обезбедени и на располагање се ставаат 8.8 милиони евранаменети за нови инвестиции во приоритетни сектори. Овие средства се ослободени од аплицирани проекти, кои поради одредени прифатливи причини не биле во можност за време на предвиденот рок да го реализираат договорот. 

Очекуваме преку овој јавен повик вкупната реализација на ИПАРД 2 програмата да достигне 100%, со што уште еднаш ќе го потврдиме лидерското место во регионот по искористеност на ИПАРД програмата.

Токму поради успешната реализација на ИПАРД 2 програмата, Европската Комисија одобри зголемување на европсакта поддршка од 62% за новата ИПАРД 3 програма, во која добиваме 97 милиони евра неповратни европски средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. 

Министерот Николовски и директорот Бачовски ги запознаа новинарите и со досегашните активности и спремноста на држаата за реализација на новата ИПАРД 3 програма. 

Покрај четирите веќе акредитирани мерки од ИПАРД 2, со новата ИПАРД 3 програма ќе се акредитираат дополнителни четири мерки, и тоа: 

·         Инвестиции во рурална јавна инфраструктура, наменета за руралните населени места за инвестиции во патна инфраструктура, водовод, канализација и сл., 

·         Мерката ЛИДЕР наменета за финансирање на активности и проекти кои ќе се реализираат преку Локалните Акциски Групи врз основа на нивните стратегии за локален економски развој, 

·         Мерката за Агро-екологија, клима и органско производство наменета за финансирање на активности за еколошко и органско земјоделско производство и производство кое ќе придонесе за заштита на животната средина и надминување на влијанието од климатските промени и 

·         Мерка Советодавни услуги наменета за советодавни пакети/услуги за земјоделски производители и рурално население кои ќе се реализираат преку Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Новост кај ИПАРД 3 програмата е и зголемувањето на прагот за минимални инвестиции, со цел да се надмине преклопување помеѓу ИПАРД Програмата и Националната програма за рурален развој.

На брифингот министерот Николовски истакна дека новинарите се клучен фактор за мотивирањето на нови корисници во новата ИПАРД 3 програма. Преку навремено информирање на потенцијалните корисници да придонесеме за искористеност на секој денар и овие средства кои ги добиваме како поддршка од ЕУ, да бидат претворени во нови инвестиции.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...