spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар

Град Скопје: Реконструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар

Завршија градежните работи  на улицата „Даме Груев“  од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул.11ти Октомври, реконструкција која се одвиваше во две фази. Оваа сообраќајница во централното градско подрачје беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот.

– Со реконструкцијата на оваа фреквентна и значајна сообраќајница за граѓаните на Скопје, особено за жителите на Центар и за оние што секојдневно го возат овој потег, се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што е еден од приоритетите на Градот – изјави Арсовска.

Во текот на градежните работи, што на терен ги извршуваше градското јавно претпријатие Улици и патишта Скопје, на овој дел од улицата „Даме Груев“ покрај коловозотот, беа реконструирани пешачки патеки, нивелирани шахтите и сливниците и подигнато ново градско зеленило на крстосницата со ул. Димитрие Чуповски.

Градот Скопје, исто така, работи на сообраќајно решение за непрекината велосипедска патека и дополнително уредување на зеленилото по должината на целата сообраќајница, како и на трансформација на дел од трасата во нова зелена површина.

Екипи на Град Скопје и градските јавни претпријатија ги продолжуваат градежните активности за обнова на повеќе градски булевари и улици на повеќе локации низ сите скопски општини.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...