spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024...

МОН: Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година за тековните студенти

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти. Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 10 август.

По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на Шпаркасе банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 1 до 7 октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1ви до 7ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...