Почитувани граѓани на Општина Конче чуствувам морална потреба да Ви се обратам на сите и да Ве замолам сите заедно да помогниме во изнаоѓање на решение ( очигледно ) на намерно наметнатите комунални и еколошки проблеми.
Имено во изминатите неколку месеци сме сведоци на опожарување на општинската депонија и запушување на канализационите мрежи во повеќе населени места со (конфекциски , градежни , пластични и други материјали) кои НИКАКО не смее да се одлагат во канализационите мрежи!!
Ве молам за разбирање, доколку не се постигнат мерки согласно нашите препораки во иднина ке се преземат најстроги законски мерки.
Извор: Општина Конче