Градоначалникот Перо Костадинов изрази задоволство што присуствуваше на отварањето на новиот клуб на пензионерите во Јосифово.
Тој им честиташе за отворениот клуб, за заедништвото и организираноста. Им посакува деновите да им минат безгрижно, со многу другарување, песна и забава.
„Пензионерите се најзаслужните граѓани во заедницата. Зад нив се години труд и посветеност, за се што е создадено до сега. Го заслужуваат целото наше внимание и почит“ – порача градоначалникот.
Извор: Општина Валандово