spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Охрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Тие разговараа со туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар.

Соговорниците взаемно се согласија дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.

Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.

Во рамки на посеата, амбасадорот во присуство на градоначалникот, членови на фамилијата и пријатели на госпоѓата Франка Винчензи Маркулеска и додели орден за заслуги „Ѕвезда на Италија“.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...