spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Одбележување на Меѓународниот ден на младите во Скопје со кино...

Град Скопје: Одбележување на Меѓународниот ден на младите во Скопје со кино на отворено и музичка програма во Градскиот парк

По повод одбележување на Меѓународниот ден на младите 12.08, Град Скопје во соработка со МКЦ и Универзална сала, утре организираат бесплатен културно забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк.

Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, а потоа следува музичка забава за младите со настап на DJ Marigo во 22 часот и настап на Zoki Bejbe во 23:30 часот.

Град Скопје ги поканува граѓаните на утрешниот културно забавен настан во Градскиот парк, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во културната и музичката програма и да поминат пријатни летни мигови.

Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живот на младите. Значајно е да се нагласи дека минатата година на овој ден се потпиша решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, кое се основаше за првпат во Градот Скопје со цел зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...