Во Мултифункционалниот општински центар беа доделени првите дипломи на лица со посебни потреби и невработени лица кои присуствуваа на обуката од областа на гастрономијата.
Дипломите што ги издава Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука ги сподели градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека покрај сертификатите, лицата со различни вештини веќе се подготвени за пазарот на трудот.
„Денеска го промовиравме заедничкиот проект меѓу општина Гостивар и УНДП, кој имаше за цел да ги обучи лицата со посебни потреби. Овие лица кои денеска добија сертификати се веќе квалификувани луѓе и можат самостојно да се ангажираат и работат“, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Потсетуваме дека проектот опфаќа обука од областа на угостителството, кујна за производство на храна и локации за здрава храна во основните и средните училишта од Гостивар, додека првата обука опфати подготовка на слатки.
Инаку, проектот е финансиран од УНДП во соработка со општина Гостивар и е посветен на лицата со основно образование и лицата со посебни потреби и опфаќа вкупно 280 часа пракса.
Извор: Општина Гостивар