Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет ги прими претставниците на организацискиот совет на Меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест“.
Градоначалникот Арбен Таравари им се заблагодари на гостите за одличната организација на фестивалот, кој веќе трета година по ред го означува Гостивар на светската мапа на фестивали.
На средбата градоначалникот Арбен Таравари сподели мислење дека наредната година ќе има уште повеличенствено организирање на „Рудина фест“ како дел од кампањата Избери Гостивар.
Извор: Општина Гостивар