Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски изврши увид на активностите со кои се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ. Улицата се асфалтира во должина од 180 метри и вкупна вредност на инвестицијата од општинскиот буџет во вредност од 6.133.710,03 денари.
Претходно, на оваа улица локалната самоуправа инвестираше во поставување на водоводна мрежа.
Ова е уште еден инфраструктурен проект, планиран и реализиран од Општина Битола во оваа градежна сезона, во која досега се завршени над 4.5 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел од општината, а работите тековно, според програмата се одвиваат на над 15 други локации.