Утрово градоначалникот Бобан Стефковски го прими признанието за изборот на Општина Гази Баба за најповрзувачка општина во рамките на Скопскиот плански регион.
Од страна на Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” и неговите партнерски организации е реализиран овој проект за избор на вело општина.
По направените испитувања на општината е спроведена јавна анкета на која граѓаните ја избраа Општина Гази Баба за најповрзувачка општина во Скопскиот плански регион.
Ова е уште едно признание кое претставува доказ дека посветено работиме и реализираме проекти во сите области на општественото живеење.
Како локална самоуправа ќе продолжиме и понатака со инвестирање во велосипедизмот во општината, преку субвенциите за граѓаните за набавка на велосипед, а оваа година за прв пат општината ќе постави велосипедски паркинзи и сервисни станици на различни локации.
Дополнително оваа година општината самостојно ќе го организира одбележувањето на Европската недела на мобилноста преку различни активности за подигање на свеста кај населението.
Извор: Општина Гази Баба