spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Награда за најголем исчекор во велосипедската инфраструктура

Илинден: Награда за најголем исчекор во велосипедската инфраструктура

Вчера беа доделени наградите за вело општини кои ги доделува Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак.

Наградата за рурална општина со најголем исчекор ја освои Општина Илинден.

Оваа награда и припадна на Општина Илинден затоа што покажа значителен и најголем напредок за разлика од останатите рурални општини, инвестирајќи во нова велосипедска инфраструктура – вело патеки и паркинзи.

На доделувањето на наградите присуствуваше градоначалникот Александар Георгиевски кој ја поздрави иницијативата и додаде дека Општина Илинден континуирано работи на изградба на пешачки и велосипедски патеки со цел поздрава животна средина, но и поголема безбедност во сообраќајот како на возачите така и на пешачите и велосипедистите. Градоначалникот додаде дека во тек е изградба на трим патека која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци, се градат пешачки и велосипедски патеки во неколку населени места, за прв пат беа доделени субвенции за купување велосипеди. Во рамки на велосипедските активности се одржа и  Велосипедска трка во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, како и велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден“. Во наредниот период Општината ќе продолжи со оваа динамика, со што ќе бидат изградени  дополнително нови пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.

Од Здружението информираат дека бодувањето на општините е извршено врз база на критериум (методологија) развиен во рамки на проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“. Притоа, биле земени бројни карактеристики и активности кои општините ги сработиле за велосипедистите во периодот 2021-2023, а информациите се побарани по пат на барање за информации од јавен карактер. Покрај тоа, беше спроведена и јавна анкета наменета за граѓаните. Од здружението додаваат Методологијата ги следи европските и светските стандарди, но e прилагодена за локалното подрачје. Таа е резултат на соработка со општините кои имаа шанса да дадат свој удел во нејзината реализација. Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ има за цел да даде поддршка на силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.

Прочитајте