spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Ветерни и фотонапонски електрани и други енергетски проекти се приоритети за...

МФ: Ветерни и фотонапонски електрани и други енергетски проекти се приоритети за идна соработка со КфВ

Паркот на ветерни електрани Миравци, две фотонапонски електрани во кругот на ТЕЦ Битола, модернизација и надградба на комплексот Енергетика и соларна топлификација Битола се проектите за кои КфВизрази интерес за поддршка на нивната реализација во нашата земја. На средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КфВ, Клаус Милер стана збор за тековното портфолио на проекти, како и за идната соработка со банката. Тековно КФВ финансира проекти во вредност од речиси 200 милиони евра.

На средбата министерот за финансии изрази благодарност за поддршката што ја добива нашата земја од КфВ. Станува збор за програмата за наводнување на РС Македонија во вредност од 80 милиони евра, ревитализација на хидроелектрани во вредност од 25 милиони евра, втората фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра, енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 20 милиони евра и други.

„Поддршката што ја добиваме од КФВ има големо значење за нас, а во моментов особено е значајна поддршката во секторот енергетика, која очекуваме да продолжи и во иднина со уште поголемо темпо “, истакна министерот Бесими.

Од КФВ исто така ја поздравија досегашната и изразија интерес за идна соработка, претежно во делот на енергетиката и одржливите извори на енергија.

Кредитната банка за обнова (KфВ) е дел од групацијата КфВ. Банката обезбедува долгорочен капитал и поттикнува инвестиции во инфраструктурата, финансиските системи и заштитата на животната средина. Нејзината мисија во РС Македонија е промовирање на одржливиот развој, поддршка на процесот на транзиција и поддршка при пристапувањето во ЕУ. КфВ е активна во РС Македонија од 1992 година.

СР Германија е наш значаен поддржувач и партнер на нашиот пат кон евроинтеграцијата, како и наш најзначаен трговски партнер. Досега, владата на СР Германија има инвестирано во нашата земја 500 милиони евра.

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...