Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски синоќа заедно со родители, наставници и претставници на Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје беше во „Соседска патрола“ кај младите во Градскиот парк.
Патролата е дел од кампањата на МВР и истата е насочена кон најголемо богатство за секој родител – децата, нивната безбедност и среќа.
На средбата Герасимовски потенцираше дека желбите на сите родители се исти, а тоа се среќни, безбедни и безгрижни затоа посочи тој, дека како родител и функционер има поголема обврска да вложи максимални и лични напори во соработка со институциите тоа да биде исполнето.
„Верувам дека настанот што се случи во Белград сите нè стаписа и нè исплаши, затоа приоритет треба да ни биде превенцијата и следење на промените во развојот на нашите деца. Мислам дека од сите можни сфери и од сите можни аспекти треба да преземаме мерки за однесувањето, размислувањето и постапувањето на нашите деца во училиштето, надвор со другарите и другарките. Семејството е основното јадро што треба да го трасира вистинскиот пат по кој треба да се движат нашите деца. Вториот елемент е образовната институција, а можам да ве уверам дека нашите основни училишта интензивно работат на програми, обуки и работилници во кои активно ќе бидеме вклучени сите за ним да им обезбедиме весело детство, а нам спокојни денови“, истакна Герасимовски.
Притоа Герасимовски потсетувајќи на пролетните тепачки во општината упати апел до децата да внимаваат да однесувањето, да ги вреднуваат позитивните дружби и да не учествуваат ниту практикуваат девијантно и хулиганско однесување. На
угостителите Герасимовски им порача да ги почитуваат законските норми и на малолетниците да ги послужуваат само со сок, а на родителите да не замижуваат при евентуални проблеми затоа што тие може да се решат доколку се реагира навреме во спротивно може да станат трагедија.
„Блискоста, отворениот разговор преку укажување на грешките како и квалитетните семејни односи градат успешни и здрави генерации“, порача Герасимовски.
Токму во паркот во последен период се случија неколку инциденти, но тука се нашите чувари на редот кои и како родители и како професионалци, ќе работат на тоа да бидеме мирни деноноќно.
Во оваа пригода би сакал да упатам и еден апел до угостителите, што секако би бил во рамките на законските норми, малолетниците да пијат само сок. На сите што сме овде вечерва присутни ни за момент не треба да ни се затворат очите и да не замижуваме ако постои проблем, затоа што за секој проблем постои решение доколку се реагира навреме.
Извор: Општина Центар