spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР : Османи до Ескобар - Блокадата нѐ чини една милијарди евра...

МНР : Османи до Ескобар – Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, кој е во посета на нашата земја.

Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања, со акцент на европското досие на Република Северна Македонија, како и потребата од продолжување на процесот на преговори со ЕУ преку спроведување на уставните измени.

“САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Северна Македонија, давајќи цврста поддршка за нашето успешно етаблирање како независна држава, длабоко интегрирана во трансатлантското семејство на модерни и функционални демократии“, истакна Османи додавајќи дека блокадата на евроинтегративниот процес нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ.

Османи искажа благодарност и за долгорочната поддршка од САД за севкупните реформски процеси, нагласувајќи дека Владата и останатите институции продолжуваат да работат со силна посветеност на спроведувањето на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата беше направен осврт на соработката меѓу двете земји, во рамки на Стратешкиот дијалог, а стана збор и за сојузништвото во рамки на НАТО, со акцент на поддршката за Украина, како и претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, САД – Јадранската повелба и Процесот за соработка во Југо-источна Европа.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте