spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Над 1000 рецепти за хронична терапија препишани за еден ден,...

МЗ: Над 1000 рецепти за хронична терапија препишани за еден ден, реформата одлично функционира

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити  ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата реформа.

„Процесот на работа со пациентите на кои им се препишува хронична терапија воопшто не е сложен, јасните насоки напишани во клиничките патеки им ја олеснуваат работата на матичните лекари, така што имаме одличен старт на реформата. Во текот на вчерашниот ден, според податоците од Мој Термин, 506 пациенти добиле терапија за своето хронично заболување од матичен лекар. Биле препишани 1073 лекови.

Со оваа реформска мерка, со која овозможивме терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари, направивме суштински промени и унапредувања за пациентите и за здравствените работници“-истакна министерот Меџити.

Со новата реформска мерка пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, тоа може да го направат кај својот долгогодишен лекар. Предностите на оваа мерка се што пациените не се изложуваат на трошоци, тие терапијата за своето хронично заболување може да ја добијат кај својот матичен во местото каде живеат. Со оваа реформска мерка се зајакнува  улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем. Со реформите во ПЗЗ се олеснува административниот товар, а исто така се намалува притисокот врз секундарното и терцијарното здравство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...