spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБизнисите и граѓанското општество гледаат стабилност и извесност на македонската економија со...

Бизнисите и граѓанското општество гледаат стабилност и извесност на македонската економија со членството во ЕУ

На трибината „Ние сме Европа“, која започна вчера вечер од Скопје, од плоштадот Јадран, на темата: „ЕУ за македонската економија“, покрај премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, министерот за економија Бектеши, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, свое обраќање имаа и претставничката на бизнис заедницата, Ирена Јакимовска од Комфи Ангел и Благица Петрески, извршна директорка на Институт за економски истражувања, Finance Think. Сметам дека економските бенефити кои членството во ЕУ ги носи се клучни кои може да ги почувствуваат сите граѓани, бидејќи тоа секој го чувствува преку платите, пензиите, животниот стандард.

Благица Петрески од Институтот за економски истражувања рече дека економските бенефити се клучна придобивка од преговорите со ЕУ и не се прашање за треба да се зборува туку едноставно тоа може да се почувствува преку нашите плати, пензиите, животниот стандард на студентите, животниот стандард на нашите деца и условите во коишто живеат, нагласувајќи дека процесот за членство во ЕУ е тој којшто може сите овие аспекти да ги подобри.

– Овој процес на преговори ни претставува прво крајна цел и форма на регулатива која треба да ни го покаже правиот пат. За одредени структурни реформи како што се затворање на јадовите на пазарот на труд како што се зголемување на писменоста нас ни се потребни реформи кои може да траат и со децении. Ние денес треба да започнеме со реформи во образование за после 10 години да имаме кадар којшто ќе излези работна сила којашто ќе кажеме дека може да придонесе којашто е доволно продуктивна за компаниите да остварат профит или за да ја подигнеме економијата, објасни Петреска.

Таа рече дека примарниот исход од преговорите со ЕУ е дека нашето општество ќе се трансформира, ќе донесе усогласување на законите, усогласување на политиките на институциите коишто ќе нудат ист квалитет и стандарди како што се оние на Европската Унија. Како една крајните клучни цели на овој процес е конвергенција на нашиот доход со доходот на ЕУ што значи дека доходот на помалку развиените земји како нашата треба да се доближи до земјите кон коишто стремиме да се зачлениме тоа е земјите на ЕУ, додавајќи дека тој во моментов изнесува само 39% и според неа е недоволно бидејќи како што кажа Петрески имаме уште многу простор истиот да се подобри.

Јакимовска пак рече дека тие во Комфи Ангел се Европа, бидејќи нивниот купувач, а истовремено и добавувач е она нешто што е многу клучно и битно во целиот бизнис и циклус во креирањето на една компанија и нормално почитување на нивниот купувач, како едни од европските стандарди кои ги практикуваат и промовираат во оваа компанија.

– Фактот што нашите купувачи се во Европа немаме друга алтернатива освен да работиме по европските стандарди и така треба да биде во секој дом во секоја компанија во цела држава, додаде таа.

Јакимовска порача дека сака да живее во европска држава, дека си ја сака државата, родителите, компанијата бидејќи и таа е Европејка и дека ќе направи сè македонската компанија Комфи Ангел да биди пример и најдобрата компанија која извезува македонски производ во Европа.

Серијата трибини во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ продолжува во петок со трибина во Струмица посветена на трудот и социјалната политика.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте