spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски и Агелер во посета на винаријата Венец, успешна винарија корисник...

МЗШВ: Николовски и Агелер во посета на винаријата Венец, успешна винарија корисник на средства од ИПАРД 2 програмата

Како дел од вчерашната винска агенда министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно  со амбасадорката на САД, Анџела Агелер и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски ја посетија и винаријата Венец во Неготино.

Секторот винарство е еден од поголемите сектори корисници на средства од досегашната ИПАРД 2 програма. Токму винаријата “Венец” е една од винариите корисници на средства од ИПАРД програмата, која има набавено нова опрема, модернизирајќи го своето производството.

Како држава ние сме земја лидер во регонот по две основи, ја имаме најголемата искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори и први во регионот ја започнуваме реализацијата на ИПАРД 3 програмата.

Не постои село или град низ државата, каде нема проект реализиран со средства од ИПАРД програмата. Секоја посета на успешно реализиран проект кој е поддржан од ИПАРД програмата е огромна афирмација на заложбите на владините институции за успешна имплементација на овој европски фонд за земјоделство и рурален развој.

Министерот Николовски и амбасадорката Агелер имаа можност да се запознаат со работата на винаријата Венец, учествувајќи директно во процесот на приемот и подготовката на грозјето за производство.

Секторот винарство и лозарство за нас како министерство е посебно значаен. Токму затоа министерството досега, за овие седум години, од 2016 година до 2022 година исплатило 89 милиони евра вкупно во секторот и тоа, 71 милион за одржување лозови насади (субвенции), 10,5 милиони за поддршка во време на КОВИД, три милиони за извезено преку интервентната програма за поддршка на винарски визби, еден милион за саеми, 590 000 евра за мали семејни винарии, еден милион за поддршка на винарски визби преку ковид закон за транспортни трошоци, како и два милиона евра за визбите „Повардарие“ и „Стефани“. Вкупно се исплатени скоро 90 милиони евра, а само во 2022 година има прилив во овој сектор од извезено вино во вредност од 57.636 милиони евра.

Овие бројки ги  потврдуваат досегашните вложувања и резултатите постигнати во секторот. Секој денер вложен во поддршка и развој дава резлутат.

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте