spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски со честитка за почетокот на учебната година: Инвестираме во современи училишта,...

Ковачевски со честитка за почетокот на учебната година: Инвестираме во современи училишта, во дуално образование за успешно вклопување на пазарот на труд

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вчера беше во посета на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ”, во Општина Куманово. Со претседателот на Владата, беа и министрите за образование и наука Јетон Шаќири и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова училиште стана регионалниот центар во 2021 година за две струки и тоа земјоделско ветеринарна и хемиско технолошка и од тогаш бројот на ученици значително се зголеми. Освен овие струки се отворија и нови како здравствена, сообраќајна, лични услуги. Во овој современ регионален центар инвестирани се околу 3 милиони евра, од кои 2 милиони за реконструкција и 1 милион за набавка на современа опрема. Реновирани и опремени со нова опрема се и работилници и лаборатории кои се во состав на училиштето, што им овозможува на учениците дел од практичната настава да ја реализираат во училиштето, но и во соодветните компании од регионот.
Премиерот Ковачевски им даде поддршка на учениците, кои својата иднина ја гледаат во дуалното образование и ги охрабри дека тоа за нив значи сигурна иднина и работа.

„Навистина ми е драго што денеска сум во средно стручно училиште во Куманово, со паралелки со дуално образование и што интересот на учениците за ова училиште е толку голем. Од она што ми го кажа директорката и другите наставници најголемиот број на ученици се запишуваат токму во дуалното образование. Овде има повеќе смерови на дуално образование од прехранбена струка, сточарство и ветеринарство, веќе се работи на воведување на машинска струка за обука на учениците, како и на други струки. Учениците, во компаниите кои потпишале договори со училиштето и со Министерството за образование и наука, имаат можност не само да учат теоретска настава, туку и практична настава. На тој начин од првиот ден на своето образование имаат можност да се вклучат и во работните процеси, и да станат многу поконкурентни на пазарот на труд во однос на своите врсници“, рече премиерот Ковачевски.

Владата на Република Северна Македонија вложува напори и максимална посветеност за креирање долгорочни политики и стратегии кои што ќе водат кон севкупен напредок на образовниот процес, а со тоа и на нашето општество. Таква стратегија е и подигнувањето на атрактивноста и интересот на младите за упис во средно стручно образование.

„Владата вложува навистина многу напори во поглед на унапредување на образованието. Ние во секој случај не сме држава како што се западно–европските држави и државите во САД, кои обезбедиле по својата независност систем во којшто се било перфектно. Вие знаете дека пред 32 години обезбедивме независност на државата и од тогаш Министерството за образование и наука, сите институции работат на унапредување на образовниот процес и на образовните објекти во кои се одвива наставата. Најдобар пример за тоа како треба да изгледа еден образовен објект е токму ова училиште“, истакна Ковачевски.

Посакувајќи им успеси на учениците и наставниците, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, истакна дека учебната година започнува со повеќе нови учебници во основното и средното стручно образование, 50тина реконструирани и неколку нови училишни објекти, како и со најава за повисоки плати за просветните работници.

„Со помалку предизвици и со што подобри резултати да ја заокружиме новата учебна година. Да се заложиме сите. Потребна е поддршка од семејствата на учениците, од наставниците, граѓанските организации, бизнис заедницата и воопшто на сите општествени чинители, затоа што конечно на крајот, какви ученички генерации ќе создадеме не зависи само од еден фактор, или од една засегната страна, туку од сите нас. Во меѓувреме, Министерството за образование и наука останува отворена институција за соработка и ќе се трудиме да бидеме на висина на задачите, водејќи се секогаш по најдобрите интереси првенствено на младите“, рече министерот.

Шаќири потсети дека учебната година ќе трае до 17 јуни, а за прв пат, по примерот на повеќе развиени земји во Европа, се воведува и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април од 5 мај. Информираше и дека во училишните клупи има над 250 илјади ученици, од кои околу 20 илјади се првачиња.

Директорка  на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ”, Весна Трајковска рече:

„Досегашните реформи дадоа навистина големи резултати. Бројот на ученици споредбено со претходните години се зголеми за 80%. Сите паралелки од прва година се дуални и обезбедивме секој наш ученик да реализира учење преку работа во компанија. Благодарност до Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за образование и наука што ни овозможија од средно училиште да прераснеме во регионален училишен центар каков што нема на просторот на нашата држава и на тој начин да станеме лидери во реформите во образовниот процес“.


Ковачевски со честитка за почетокот на учебната година: Инвестираме во современи училишта, во дуално образование за успешно вклопување на пазарот на труд

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска беше во посета на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ”, во Општина Куманово. Со претседателот на Владата, беа и министрите за образование и наука Јетон Шаќири и за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Денешната посета на средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, ме врати во време на почетокот од моите средношколски денови кога и јас почнував во гимназијата „Гоце Делчев“ и денес беше лесно каде ќе бидам на првиот школски ден, тоа е токму овде бидејќи тука се наоѓа и најновиот училишен објект во државата кој е  изграден по сите најнови стандарди и дополнително што интернатот кој беше реновиран цели две децении денес е комплетно реновиран со нови соби и со сите потребни содржини, како што доликува на еден училиштен центар.

Никој од нас не може да го заборави времето кога почна со средношколските денови, тоа е време кога практично стануваме возрасни или бар мислиме дека стануваме возрасни, кога имаме многу идеи, енергија, ентузијазам но и кога го бираме нашиот иден повик со што ќе се занимаваме во животот.

Тука ги сретнуваме нашите пријателства кои траат до крајот на животот бидејќи секогаш се вели дека најдобрите другари се другарите со кои сме ги поминале средношколските денови . Во тој дух сакам да им честитам успешна школска година на сите ученици, на сите наставници, а оние кои за прв пат седнуваат во средношколските клупи да им посакам многу успех и избор на образование кое ќе им овозможи што побрзо да се вклучат во работните процеси во државата.

Владата вложува навистина многу напори во поглед на унапредување на образованието, ние во секој случај не сме држава како што се западно – европските држави и државите во САД, кои обезбедиле по својата независност систем којшто се било перфектно, вие знаете дека пред 32 години обезбедивме независност во државата и од тогаш Министерството за образование и наука, сите институции работат на унапредување на образовниот процес и на образовните објекти во кои се одвива наставата. Најдобар пример за тоа како треба да изгледа еден образовен објект е токму ова училиште.

Ако треба да направам споредба тогаш ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје и СУ во Куманово „Киро Бурназ“ се практично двете најдобри училишта кои се изградени во мандатот на оваа влада за разлика од другите кои во минатото не инвестираа во образовните објекти. Една таква стратегија, вклучително и воведувањето на дуалното образование значи многу за учениците кои што се подготвуваат не само со знаење туку и со голем број на вештини да бидат подготвени за работните обврски и што побрзо да се вклучат во економскиот живот на државата.

Навистина ми е драго што денеска сум во средно стручно училиште во Куманово, со паралелки со дуално образование сме присутни и што интересот на учениците за ова училиште е толку голем. Од она што ми го кажа директорката и другите наставници најголемиот број на ученици се запишуваат токму во дуалното образование. Овде има повеќе смерови на дуално образование од прехранбена струка од сточарство и ветеринарство, веќе се работи на воведување на машинска струка за обука на учениците и на други струки кои заедно со компаниите кои потпишале договори со училиштето и со Министерството за образование и наука имаат можност не само да учат теоретска настава, туку и практична настава и на тој начин од првиот ден на своето образование да се вклучат и во работните процеси и да станат многу поконкурентни на пазарот на труд во однос на своите врсници.

Дополнително на ова е и новиот интернат кој е комплетно изграден и задоволство е да се видат такви услови во кои можат да се престојуваат учениците каде што за сите ученици е обезбедено се што е потребно. Покрај образовните објекти овде има и спортска сала меѓутоа и она што е потребно од аспект на лаборатории, работилници за сите смерови кои што посетуваат дуално образование.

Инвестирани се 3 милиони евра, кои што финансиски средства се искористени за комплетно реновирање на објектите меѓутоа и за комплетно нови, набавка на нови помагала, лаборатории, работилници, училници, опрема за училниците. Најголем дел од тие средства се од ЕУ, преку ИПА фондовите, дел се исто така и сопствено финансирање на Министерството за образование и наука.

Секако дека не може да направите ваков проект без директор кој е и амбициозен и енергичен и посветен и вреден, а имаме баш таква директорка тука, секако и колегите нејзини во училиштето, колегите во Министерството за образование и наука.

Освен пофални зборови немам што друго да кажам, а и самите медиуми и граѓаните можат да се уверат за каков објект се работи, прекрасен кадар и какви прекрасни деца се работи во ова училиште.

Да им честитам на сите, да им посакам успешна школска година и да им посакам на наставниците да извршуваат работа на многу повисоко ниво во ваков прекрасен објект, а учениците да учат, да се дружат и да уживаат во СУ „Киро Бурназ“ во Куманово. А и на сите други ученици кои ја почнуваат школската година денес од прво одделение до сите одделенија во средните училишта да им посакам многу успех! “

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...