Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вечерашната трибина од кампањата „Ние сме Европа“ во општина Струмица, на тема „Македонски труд-европска социјална политика“ рече дека треба да побрзаме со реформите и нашите обврски бидејќи европската перспектива веќе е реалност и дека после давањето на временската одредница од страна на ЕУ претставниците, навистина е возможно во 2030 да станеме членки на ЕУ.
– Нашите политики во областа на социјалната политика и младите се веќе европски. Имаме направено повеќе од сите речиси држави во нашиот регион. Нашите политики се европски затоа што се борат за оние на кои навистина им треба помош, се борат за еднаквост на сите во општеството се борат за повеќе можности за младите, се борат државата да биде еднаква и еднакво достапна за сите. Таа наша борба ќе продолжи, таа наша борба нема да застане и заедно во 2030 година ќе го развиеме европското и македонското знаме во Европската Унија, порача Маричиќ.
Маричиќ посочи дека е важно сега да побрзаме бидејќи секој ден надвор од ЕУ губиме по една можност од Европската Унија и направи споредба со држави од регионот кои се веќе членки во ЕУ повеќе од 10 години, укажувајќи дека можностите кои ги имаат овие држави денеска се причина нашите млади да сакаат да одат да работат и живеат на тие места.
– Да направиме споредба со Романија откако е членка на Европската Унија има повлечено 40 милијарди евра во инфраструктура, животна средина, земјоделие и целокупен развој. Хрватска 25 милијарди евра за 10 години, Романија за 15 години. Бугарија го зголемила извозот за 230 процент. Целата инфраструктура на овие држави изградена од пари на Европската Унија, рече Маричиќ.
Дека ние секогаш сме биле дел од Европа не е доволно само да го кажеме смета вицепремиерот Маричиќ објаснувајќи им на присутните дека стоиме пред историски момент за нашата држава и дека нашата идеја за државност, за независност, за слобода, за мир и добрососедство секогаш била вредност што ја споделуваме со Европската Унија, како определба за зачувување на стабилноста и просперитетот соработката и успехот.
На прашањето кое деновиве го добивал вицепремиерот Маричиќ за итноста и брзањето сега да се носат одлуките и да се прават реформите, тој пред струмичани одговори дека барањето да побрзаме е поради тоа што во 2030 ќе има прием на нови членки во ЕУ и даде ветување дека ќе направат сè за да на бината на која ќе стојат претставниците на Украина, на Молдавија, на Србија, на Црна Гора, Албанија, да стојат претставниците и на нашата татковина и на Северна Македонија.
– Што ќе им кажеме на нашите деца, на тие млади што денеска разговаравме, ако не успееме таму да застанеме во 2030 година? Како ќе им објасниме дека не сме биле подготвени оваа година да носиме одлуки за тие во 2030 година да имаат европски пасош, рече Маричиќ, додавајќи дека свои на своето можеме да бидеме само доколку влеземе во ЕУ, затоа што како што вели Маричиќ „тоа ни ги отвора шансите за младите тоа ни го нуди развојот и тоа нуди сигурната иднина“.
Маричиќ посочи дека е важно сега да побрзаме бидејќи секој ден надвор од ЕУ губиме по една можност од Европската Унија и направи споредба со држави од регионот кои се веќе членки во ЕУ повеќе од 10 години, укажувајќи дека можностите кои ги имаат овие држави денеска се причина нашите млади да сакаат да одат да работат и живеат на тие места.
– Да направиме споредба со Романија откако е членка на Европската Унија има повлечено 40 милијарди евра во инфраструктура, животна средина, земјоделие и целокупен развој. Хрватска 25 милијарди евра за 10 години, Романија за 15 години. Бугарија го зголемила извозот за 230 процент. Целата инфраструктура на овие држави изградена од пари на Европската Унија, рече Маричиќ.
Дека ние секогаш сме биле дел од Европа не е доволно само да го кажеме смета вицепремиерот Маричиќ објаснувајќи им на присутните дека стоиме пред историски момент за нашата држава и дека нашата идеја за државност, за независност, за слобода, за мир и добрососедство секогаш била вредност што ја споделуваме со Европската Унија, како определба за зачувување на стабилноста и просперитетот соработката и успехот.
Денес во општина Струмица се одржа втората трибина од кампањата „Ние сме Европа“, а во среда на 6-ти септември ќе се одржи во Битола, посветена на темата култура.
Извор: Влада