Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, за време на престојот во Турција, оствари средба со министерот за индустрија и технологија на Турција – Мехмет Фатих Кацир.
,,Почестен да остварам конструктивна средба со Министерот за Индустрија и Технологија на Турција, Мехмет Фатих Каџир,на која што детално разговаравме за напредокот на Северна Македонија во однос на реформите во областа на дигитализацијата.
На средбата му честитав на министерот Мехмет Фатих Кацир за организацијата на “ТЕКНОФЕСТ” – фестивалот за авијација, вселена и технологија, кој има за цел унапредување на Националната Технологија,
За време на разговорот го потврдивме нашиот заеднички ангажман за блиска и координирана соработка, а истовремено ги разгледавме можностите за нови заеднички проекти во областа на дигитализацијата.
,,Важната размена на искуствата на една билатерална соработка и реализација на заеднички проекти во областа на дигитализацијата и иновациите, значително ќе влијае на растот, продуктивноста и конкурентноста на економијата со заеднички интерес за двете држави.
За нас како Министерство за информатичко општество и администрација, би било задоволство да бидеме домаќин на нашата следна средба”, заклучи министерот Алиу.
Извор: Влада