spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи во Њу Делхи се сретна со Потпретседателот на Индија, Дханкар

МНР: Османи во Њу Делхи се сретна со Потпретседателот на Индија, Дханкар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата, Џагдееп Дханкар.

На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето.  Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност е интензивирањето на соработката и искористувањето на потенцијалите со земјите од Централна и Јужна Азија, посебно со Индија, со која не’ поврзува Мајка Тереза.

“Разликата во големината на двете земји, бројноста на населението, како и географската оддалеченост, не треба да бидат пречка за меѓусебно пријателство, добри билатерални односи и мултилатерална соработка. Ликот и делото на Мајка Тереза секогаш ќе биде дел од нашите истории и ќе остане во колективната меморија на нашите земји.” рече Османи.

Воедно, соговорниците изразија подготвеноста за зајакнување и на парламентарната соработка, унапредувањето на договорната рамка, како и интензивирањето на културната размена и доближувањето меѓу двата народи.

Османи го поздрави и честиташе последното високо достигнување на Индија во светски рамки, со првото успешно слетување на јужниот пол на Месечината како сериозен исчекор и голем успех не само за индискиот народ, туку и за целокупното човештвото.

За време на официјалната посета на Индија, Османи ќе оствари средби и со министерот за надворешни работи, Субраманјам Џаишанкар, како и со други високи претставници на земјата.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...