spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Посета од фоклклорниот ансамбл Етно Ѕуница

Петровец: Посета од фоклклорниот ансамбл Етно Ѕуница

Фолклорниот Ансамбл „Етно Ѕуница“ од Петровец по враќањето од Несебар беше на прием во Општина Петровец кај Градоначалникот Борче Митевски. Целта на посетата беше освоениот трофеј за Најдобар Сценски настап на Фестивалот Црноморски Бисер во Бугарија.

 

На Фестивалот, Ф.А. „Етно Ѕунца“ – Петровец се претстави на сите три фестивалски вечери две во Несебар и една во Поморје, заедно со уште два Ансамбли од Македонија, како и Ансамбли од Грузија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Украина, Полска.

На последната гала вечер на сцената во Поморје се вееја три македонски знамиња се свиреше и се пееше Македонската химна, а нашите играорци успешно ја претставија нашата Општина. Од Несебар се вративме со две дипломи и освоен Пехар.

Искажуваме голема благодарност до Градоначалникот Борче Митевски и Општина Петровец за континуираната поддршка во реализација на нашите активности.

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...