spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Бронзената од Астана во Агенцијата

АМС: Бронзената од Астана во Агенцијата

Освојувачката на бронзениот медал на Светското првенство во традиционално таеквондо во Астана, Казахстан, Христијана Парулеска беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со освоен златен медал на Европското првенство одржано годинава во Италија.

Парулеска на светското првенство на кое земаа учество повеќе од 1000 натпреварувачи од 83 земји, го освои бронзениот медал во борби во јуниорска конкуренција во спаринг -борби, јуниорки 14-15 години.

Таа оствари победи над претставничките од Русија и Канада, додека во 1/2 финале против Грција, иако водеше 4-1, мораше да ја предаде поради повредата од 1/4 финале, а со тоа и избега златото.

-Агенцијата за млади и спорт стои секогаш зад успесите на македонските спортисти, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт наумче Мојсовски.

Македонската репрезентација на СП настапи со тројца натпреварувачи во две дисциплини: форми (борби со замислен противник) и спаринг борби.

Давид Крстески го освои 5-то место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија .

Елена Јанеска заврши петта во спаринг-борби јуниорки 16-17 години, победувајќи ја претставничката од Узбекистан , додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија .

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...