spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Едукативни сетови за сите првачиња

Аеродром: Едукативни сетови за сите првачиња

Во соработка со „Светот на Биби“, првачињата од основните училишта на територијата на Општина Аеродром добиваат едукативни и дидактички материјали со ликовите на хероите Биби и Боби, кои ќе ги користат за полесно и позабавно совладување на материјалот.

Градоначалникот Тимчо Муцунски го посети основното училиште „Димитар Македонски“ каде заедно со претставници на „Светот на Биби“, поделија сетови кои се состојат од едукативни печатени изданија, постери, друштвени игри, сликовници и боенки. Станува збор за активност во чии рамки првоодделенците од сите основни училишта во Аеродром ќе добијат вакви сетови.

Aеродром е првата општина во Македонија каде учениците преку игра, забава и дружба со Биби и Боби ќе стекнуваат нови знаења и вештини. Со оваа соработка отвoраме нови светови за дечињата и реализираме уште едно ветување пред граѓаните што е уште една потврда за нашата решеност за унапредување на образовниот процес и подобрување на условите во училиштата.

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...