spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Бесплатен училишен прибор за 300 ученици од различни категории на...

Гази Баба: Бесплатен училишен прибор за 300 ученици од различни категории на семејства

Градоначалникот Бобан Стефковски со претседателката на Советот на Општина Гази Баба, Дијана Илиевска, во нашите простории беа домаќини на голем број дечиња на кои им посакаа успех во новата учебна година и им подарија училишен прибор.
Оваа година за прв пат обезбедивме бесплатен училишен прибор за ученици од 300 семејства на територија на Oпштина Гази Баба кои потекнуваат од различни категории на семејства.
Ги опфативме дечињата кои се од многудетни семејства, семејства во социјален ризик и други.
 Како минатата така и оваа учебна година доделуваме еднократна финансиска помош во висина од 3000 денари за секое семејство кое ќе има запишано прваче. Воедно и ги повикуваме сите семејства кои имаат прваче да аплицираат.
Градоначалникот Стефковски истакна и дека во завршна фаза е постапката за избор на економски оператор за набавка на училишни униформи кои ќе бидат бесплатни за сите 6800 ученици.
Очекуваме со почетокот на учебната година да започне и земањето на мерки на учениците.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...