spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба Шукова-Памер : Продолжува соработката во животната средина и климатските промени

МЖСПП: Средба Шукова-Памер : Продолжува соработката во животната средина и климатските промени

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

1Министерката Шукова му посака на Памер добредојде и успех во извршувањето на должноста и изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите, посебно осврнувајќи се на процесот на преговори за Поглавјето 27- Животна средина и климатски промени.

На средбата се дискутираше и за тековните проекти каде Австриската Агенција за животна средина се јавува како имплементациона агенција, а посебен акцент беше ставен на програмите за управување со отпадот, и можностите за учество на австриски компании во нивно реализирање, со оглед на тоа што приватниот сектор може да биде релевантен партнер во клучните промени за одржливост на политиките и стандардите за заштита на животната средина.

2Министерката Шукова, ги презентираше плановите на Владата на РСМ за остварување на таргетите утврдени со европската зелена агенда, истакнувајќи дека е потребно да се приклучат сите релевантни сектори во постигнување на позелена иднина.

Амбасадорот Памер изрази подготвеност за унапредување на соработката со МЖСПП и волја за реализирање на заеднички проекти со кои ќе се постигнат европските стандарди за заштита на животна средина и климатските промени.

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...