Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 илјади денари.
Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.56 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (29.96 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (24.94 %).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64.76 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 35.24 %.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 485 874 илјади денари, односно 57.21 %.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 42.36 % се наменети за инвестиции, а 57.64 % се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85.18 %.
Извор: Државен завод за статистика