spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Ќе за забранат акциски продажби и ќе се замрзнат цените на...

МЕ: Ќе за забранат акциски продажби и ќе се замрзнат цените на храната, инспекторите продолжуваат со засилени контроли на терен

Министерството за економија достави до Владата предлог- одлука за забрана за акциска продажба и промотивна продажба од страна на сите трговски ланци во нашата држава која ќе важи до 30 ноември. А, на следната седница на Владата ќе предложиме и одлука за замрзнување на цените на сите прехранбени производи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција по денешната работна средба со директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и Раководителите на подрачните оделенија на ДПИ..

Замрзнувањето на цените, како што најави министерот Бектеши ќе биде со најмалку 10% намалување на цените на сите прехранбени производи

“Министерството за економија од денеска почна да носи мерки, предлог -одлуки во делот на зачувување на стандардот на граѓаните. Анализите на Министерството за економија, Народната банка и на Министерството за финансии во делот на движењето на цените на основните прехранбени производи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на прехранбени производи и од страна на трговците и од страна на производителите. Податоците покажуваат намалување на цените на основните прехранбени производи во светски рамки, кои имаат голема разлика со цените кои се во нашата држава, вклучувајќи и увозни цени на производи, но и на суровини за прооизводство на основни прехранбени пшроизводи. Затоа сметаме дека има простор да се наламат цените на основните прехранбени производи кај нас“ кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека сите завршни сметки, посебно на големите ланци на супермаркети покажуваат дека немаат намалување на нивните приходи, напротив имаат зголемување на приходите минатата година, која беше најтешка година во делот на цените.

“Одредени ланци на супермаркети прават измама со можностите за продажба на производи на акција и намалување или кампањи. За да биде јасно и за потрошувачите, која е вистинската цена, маркетите оваа можност до 30 ноември нема да ја имаат и ќе се знае точно која е цената на одреден производ со цел да не се  воведуваат во заблуда граѓаните. Со предлог одлуката ќе се знаат вистинските цени и колкаво ќе биде намалувањето“ кажа министерот и додаде дека во наредниот период дополнително ќе следат измени и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат и ќе биде подготвен новиот Закон за нефер трговски практики каде освен глоби за супермаркетите за трговците да има можност и затварање и забрана за вршење на дејност. Имаме ваква можност во нашиот Закон за заштита на потрошувачи и во Законот за трговија, потенцираше Бектеши.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски кажа дека ќе инспекторите и во наредниот период ќе продолжат да постапуваат кај сите субјекти без селекциjaи без компромиси како и досега.

„Пазарниот инспекторат и понатаму останува да работи со засилени контроли на терен, се со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Ги охрабрувам сите граѓани кои ќе забележат неправилности, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат.Напоменувам дека од моето поставување на директор на оваа институција, во периодот од први јануари, заклучно со 31 јуни оваа година, направени се 16.400 надзори и издадени се над 3.700 налози во вредност од 140 милиони денари, кажа директорот Трајковски.

На работната средба се разговараше за моменталната ситуација во пазарниот инспекторат, стартегијата за подобрување на работата на инспекторатот и следни активности што ќе се воведуваат во институцијата.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте