spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алиу-Марти - Блиската соработка со Швајцарија ќе помогне во подобрувањето на...

МИОА: Алиу-Марти – Блиската соработка со Швајцарија ќе помогне во подобрувањето на дигиталната трансформација во Северна Македонија

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, ја пречека амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Нејзината Екселенција Вероник Хулман Марти.

 

Во фокусот на денешната средба беа дигиталната трансформација, реформите во јавната администрација, корупцијата, иновациите и меѓусебната соработка.

 

На оваа средба се разговараше за можностите за соработка во развојот на технологијата и дигитализацијата, за надминување на предизвиците и создавање нови можности.

 

,,Ми беше задоволство да ја пречекам амбасадорката на Швајцарија во Скопје, H.E. Вероник Хулман Марти, со која разговаравме за можностите за зголемување и зајакнување на соработката меѓу нашите две земји. Ја информирав за проектите коишто Министерството за информатичко општество и администрација ги реализира во областа на дигитализација со цел подобрување на квалитетот на јавните услуги за граѓаните, за реформите во јавната администрација, како и поголемата транспарентност на институциите, изјави Алиу.

 

Исто така, на средбата се разговарало и за можностите за соработка во проекти кои ја подобруваат технолошката инфраструктура на локално и централно ниво.

 

Cоработката во дигиталната трансформација е комплексен предизвик, но многу важен за напредокoт и подобрувањетo на општеството и економијата во дигиталната ера.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...