spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБрвеница: Заштита и заедничко превентивно делување од пожари

Брвеница: Заштита и заедничко превентивно делување од пожари

Почитувани сограѓани,
Со цел поголема заштита и заедничко превентивно делување од пожари.

Општина Брвеница ги потсетува
граѓаните дека е ЗАБРАНЕТО палење оган на стрништа, на растителни отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште, пасиште, на
земјоделско земјиште, палење на отворен оган низ полето, во шумата и нивна, односно постои целосна забрана за палење на оган на отворен простор.

Предупредуваме, лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или поради невнимание предизвикат пожар, дека подлежат на законски санкции:

– Предвидени се парични казни ( по Закон за земјоделско земјиште, Закон за
ловство и други закони),
– Потпалувачот ќе плати надоместот на штета за изгорените шуми и на туѓото
земјоделско земиште и плаќање на трошоците за интервенцијата за гаснење на пожарот.

– Покрај паричните казни за предизвикување на пожар, предвидени се и кривични санкции со повеќегодишен затвор според Кривичниот законик за
делата предизвикување на општа опасност и на шумски пожар.

Укажуваме на земјоделците дека според земјоделските експерти со опожарувањето на стрништа и
обработливотото земјиште почвата ја губи потребната структурата.

Се угинуваат сите микро организми кој учествуваат во разградувањето на сите
хранливи материи потребни на растенијата, се влошува хумусот и самата структура на почвата го намалува приносот и квалитетот на се она што се произведува.

Со почит,
Кризен штаб на општина Брвеница.

 

 

 

Извор: Општина Брвеница 

Прочитајте