spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Пилот општина во проектот Excite

Карпош: Пилот општина во проектот Excite

Општина Карпош присуствуваа национални и меѓународни консултанти за ЕЕА методологијата според која општината ќе добие меѓународно Европското енергетско признание (ЕЕА – #EuropeanEnergyAward) и ќе влезе меѓу Европските општини кај кои веќе се имплементира оваа методологија.


Настанот беше реализиран во рамки на проектот „Excite – Стандарди за одличност, инвестирај во доверба – сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа“ кој има за цел директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија и тоа преку примена на методологијата на Европското енергетско признание (ЕЕА – #EuropeanEnergyAward). Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Хоризонт 2020.

Во Македонија се спроведува од страна на Хабитат Македонија, а Општина Карпош претставува пилот општина. На средбата присуствуваа претставници од енергетскиот тим на општината во рамки на проектот ЕКСАЈТ, раководители од неколку сектори од општината, како и претставници од советниците, граѓанскиот сектор и бизнис секторот.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...